МЗТ Скопје има шанса за настап во Еврокупот

Од:

Челниците на УЛЕБ одлучија следната сезона форматот на Еврокупот да се прошири на 48 тимови, вест што со радување е прифатена кај нас бидејќи вака македонскиот шампион МЗТ Скопје, кој неодамна во седиштето на УЛЕБ во Барселона официјално ја предаде апликацијата за учество следната сезона, има значително посериозни шанси да добие покана за настап во второто по квалитет европско натпреварување.

Според официјалното известување од УЛЕБ, од следната сезона наместо досегашните 32, во Еврокупот ќе се натпреваруваат 48 екипи поделени во осум групи, а по првата групна фаза ќе продолжат 24 екипи.

Во таборот на македонскиот шампион веруваат дека ќе добијат место во ова европско натпреварување, кое претставува нова напредна фаза од амбициозните планови на тимот од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он