МЗТ Скопје и Кожув по пласман во финалето

Од:

На натпреварите закажани за вечерва од 19 часот во „Јасмин“ во Кавадарци и во „Градски Парк“ во Скопје, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Кожув ќе ја добијат првата шанса да го заверат пласманот во финалето на кошаркарскиот шампионат.

Со водство од 2-0 во сериите до три победи, МЗТ Скопје и Кожув гостуваат на Фени Индустри и Работнички.

Фени Индустри сезонава нема ниту една победа против актутелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вкупно четирите одиграни средби (две во Суперлигата, една во Купот и една во плејофот), па повторно тимот предводен од трнерот Љупчо Малинков ќе има исклучително тешка задача против, главниот фаворит за титулата.

Во другото полуфинале од плеј-офот меѓу Работнички и Кожув, гевгеличани со победата на домашен терен во саботата дојдоа до водство од 2-0, кое со евентуална победа вечерва во „Градски Парк“ може да го претворат во прво првенствено финале во клупската историја.

Во историјата на независна Македонија ниту една екипа досега во плејофот не успеала да направи пресврт откако губела со 2-0.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он