МЗТ Скопје доби вајлд-карта за Еврокупот!

Од:

МЗТ Скопје во следната ќе се натпреварува во Еврокупот, откако македонскиот шампион денеска беше информиран дека ќе добие вајлд-карта и ќе биде дел од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Управата на Металците пред два месеци во Барселона ја поднесе кандидатурата за вајлд-карта.

„Управата на КК МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје, ја информира јавноста дека е прифатено барањето на македонскиот кошаркарски шампион преку вајлд-карта да настапува во Еврокуп натпреварувањето од сезоната што престои. Еврокуп натпреварувањето од оваа сезона ќе брои 48 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи, а меѓу нив за првпат ќе се најде и македонски преставник во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој ланската сезона успешно дебитираше и во регионалната АБА лига“ – се вели во соопштението на официјалната веб-страница на МЗТ Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он