Македонскиот шампион, МЗТ Скопје на својот веб сајт објави дека е постигнат договор со Стефан Синовец од Србија, кој игра на бековската позиција.
Синовец (25г, 195см) потпишал едногодишен договор. Mинатата сезона настапуваше за Раднички, во кариерата играл и за екипите на Визура, Кимик, Партизан и Металац.
Во дресот на Раднички изминатите две сезони во просек постигнувал по 8,1 поен, надополнето со 3,8 скока и 1,2 асистенции при настапите во АБА лигата.