Македонскиот кошаркарски шампион доживеа несреќен пораз од Раднички во крагујевац во рамките на 17. коло од Јадранската лига.
Во последната четвртина МЗТ имаше позитива од +6 (70:76), но домаќините не само што ја стопија оваа предност туку и дојдоа до водство, а на крајот прославија победа од 89:83.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Дамјан Стојановски со 21 поен, Дејвис постигна 15, а одличен беше и Николиќ со 12 поени, 8 скокови и 2 блокади.
Во сабота МЗТ Скопје ја пречекува екипата на Сплит.