МЗТ оди на победа кај Солноки

Од:

МЗТ Скопје само со добра игра може да стигне до многу значајна победа, која ќе значи дека сезоната нема да заврши со повеќе порази отколку победи, во дебитанската сезона.

Денес тие го играат својот натпревар во Унгарија со екипата на Солноки во рамките на 24-то коло од АБА лигата со почеток во 19 часот. Македонскиот првак е подобар од унгарскиот и тоа го покажа еднаш оваа сезона, и е едно од најпријатните изненадувања во јадранската лига.

Тренерот Пипан во најавата за оваа средба, го повтори тоа што кажа по победата над Задар.

„Очекувам тежок натпревар на гостувањето во Унгарија. Екипата на Солноки е во одлична форма во последниот период. Променија доста работи во однос на првиот натпревар кој го игравме, во Скопје. Посакувам добар меч, мотивирано со многу борбеност, и само со квалитетна игра во текот на целиот натпревар можеме да ја оствариме нашата цел, а тоа е победата“- изјави Пипан.

Овие два клуба се нови во лигата, но се наоѓаат на различни позиции на табелата. Унгарците на првиот меѓусебен дуел беа декласирани во Скопјесо 87:53.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он