МЗТ на победа до одбрана на титулата

Од:

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром е на само една победа до одбрана на титулата.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ кошаркарите на МЗТ Скопје со 72:44 го совладаа Кожув и поведоа со 3:0 во победи во финалната серија од плејофот, која се игра до четири добиени натпревари.

Клучен во вечерашниот натпревар беше третиот период кој МЗТ Скопје го доби со 19:9, па на осумте поени од полувремето, придодаде уште десет поени предност во пресрет на последната четвртина, кој само рутинирано ја зголеми до крајот на средбата.

Ѓорѓи Чековски со 27 поени (4/6 за три поени) и 6 скокови беше најзаслужен за победата на МЗТ Скопје, во чии редови двоцифрен број на поени постигнаа и Никола Оташевиќ (13) и Кејт Дејвис (10).

Првата можност да ја прослават новата шампионска титула кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја имаат веќе во недела во Гевгелија, за кога е закажан четвртиот натпревар.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он