Дисциплинската комисија при АБА лигата го казни нашиот претставник во ова натпреварување, МЗТ Скопје, со парична казна од 5.000 евра.
Причината за ваквата одлука на АБА лигата, како што се наведува во соопштението, е употребата на пиротехнички средства на натпреварот со Унион Олимпија, а доколку се повтори истото на било кој од наредните натпревари, клубот ќе биде казнет со парична казна повторно, меѓутоа секој следен натпревар на домашен терен ќе биде одигран без присуство на публика.
Се надеваме дека ваквото сценарио нема да му се случи на нашиот кошаркарски шампион, кој во изминатата сезона покажа и докажа дека Скопје ја сака кошарката и заслужува да биде дел од големите кошаркарски натпреварувања.
Следниот натпревар во АБА лигата МЗТ го игра во СЦ Борис Трајковски во сабота против екипата на Будуќност со почеток од 19 часот.