МЗТ Скопје со убедливи 79:60 ја прегази екипата на Олимпија.
Првото гостување на Алеш Пипан беше вечерва токму во Скопје, во рамките на 1. коло од АБА лигата.
Враќање во нашата престолнина кое словенечкиот стратег најверојатно ќе сака што е можно побргу да го заборави по она што им се случи на неговите „змајчеки“, кои дома се вратија со убедлив пораз од 79:60.
Ветеранот Гечевски одново беше лидер на МЗТ со своите 16 поени, исто колку што постигна и Дамјан Стојановски. Синовец во својот прв настап за „металците“ додаде 13, а Дејвис имаше 12 поени. Кај Словенците, кои средбата ја завршија со дури 24 загубени топки, најефикасен беше Салин со своите 12 поени.