МЗТ и Кожув на чекор од финалето

Од:

Една победа ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и на Кожув од Гевгелија до пласман во големото финале од македонскиот кошаркарски шампионат.

До првата победа во плеј-офот и водство од 2:0 во полуфиналната серија против Фени Индустри, бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром стигна вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ по триумфот од 101:84.

Победникот беше решен во третиот период кој домашните го добија со 13 поени разлика (34:21). Во другите четвртини беше 24:21; 24:26 и 19:16.

Дамјан Стојановски со 25 постигнати поени беше најзаслужен за победата на МЗТ.

Кожув кој исто како и МЗТ во полуфиналето стартуваше со предност од 1:0 во серијата прв до три победи, поведе со 2:0 против Работнички и се најде на чекор до пласман во големото финале.

И овој дуел беше решен во второто полувреме, но за разлика од средбата во Скопје, клучни во Гевгелија беа последните 10 минути кои Кожув ги реши во своја корист со 25:17 за конечна победа од 79:73.

Игор Мијајловиќ со 22 реализирани поени ги предводеше гевгеличани до вечерашната победа.

Следните натпревари се закажани за во вторник на 14 мај.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он