МЗТ ги почна подготовките за новата сезона

Од:

Кошаркарскиот првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, денеска ги почна подготовките за новата сезона во која клубот ќе игра во четири натпреварувања.

„Металците“ покрај во домашното првенство и домашниот куп (гр бранат двата пехара), ќе играат и во АБА (Јадранската) лига и во Еврокупот на УЛЕБ.

Новиот тренер Влада Вукоичиќ на денешниот прв состанок во СЦ „Борис Трајковски“ ги презентираше своите размислувања и очекувањата. На состанокот беа присутни сите играчи, како и репрезентативците на Македонија, единствено недостасуваше Американецот Џастин Рејнолдс, кој се очекува да допатува во текот на денешниот ден и од утре да се вклучи во тренажниот процес.

Подготовките во најголемиот дел ќе бидат во Скопје, а во план е учество на турнири и на натпревари и на домашен терен и на гости.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ