Поранешната НБА ѕвезда Дикембе Мутомбо е нов член во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, јави ангенцијата АФП.
Мутомбо (49), кој четири пати беше проглчасуван за најдобар дефанзивец во НБА лигата, е еден од најдобрите блокери во историјата на најдобрата светска кошаркарска лига.
За 18 години минати на паркетот во НБА (1991-2009), Мутомбо стигна до 3.289 блокади, категорија во која пет години по ред беше најдобар (1994-1998).
Покрај блокадите, Мутомбо во својот НБА стаж постигна 11.729 поени и оствари 12.359 скокови.
Мутомбо е роден во Конго, а познат е и по хуманитарна активност преку давање голем придонес во изградба на болници во Африка.
– Горд сум што станав третиот кошаркар од Африка кој играше во НБА. Дојдов во САД без ништо, а сега сум дел од историјата на НБА, изјави Мутомбо.