Мурињо: Првиот гол беше од офсајд

Од:

Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до својот втор пехар во Супер купот, а нивниот менаџер Жозе Мурињо и натаму останува без победа во ова натпреварување откако претходно има по еден пораз со Порто и со Челзи.

За текот на натпреварот Мурињо истакна:

– Голот е од офсајд, можеби резултатот на крајот ќе беше поинаков ако беше 0:0 на полувреме. Средината на Реал Мадрид е одлична, начинот на кој ја движат топката прави да му биде тешко на противникот. Потоа во вториот дел имавме и противигра, а имавме и шанси на 2:1 да постигнеме и втор гол, но Рашфорд не реализираше. Можеби со Реал Мадрид пак ќе играме во групата од Лигата на шампионите. Во секој случај искуството е одлично за тимот, сега не очекува стартот на Премиер лигата, изјави Мурињо.

Тој на прес конференцијата го образложи потегот медалот да го предаде на едно момче од трибините.

– Се случува и кога ќе победам да не ги чувам медалите, а замислете кога губам. За тоа дете медалот е како месечината, беше во дрес на Манчестер Јунајтед и не знам од каде доаѓа.

Во првото коло од Премиер лигата Манчестер Јунајтед на домашен терен игра против екипата на Вест Хем во недела.

Би можело да ве интересира

Начевски и Николов ќе бидат судии на ракометниот Супер куп на Македонија

А1он

Историски триумф за Шифрин

Наум Локоски

Истанбул и Порто следни домаќини на УЕФА Супер Купот

Ана Ололовска

Атлетико се изедначи со Ливерпул и Ајакс, Реал загуби евро-финале по 18 години

Ана Ололовска

Лопетеги: Ништо страшно, продолжуваме понатаму по зацртаниот пат

Ана Ололовска

Атлетико Мадрид по продолженија го освои Суперкупот на УЕФА

Ана Ололовска