Мурињо: Повеќе ми е важен насмеаниот навивач отколку мојата слава

Од:

Тренерот на Рома, „специјалниот“ Жозе Мурињо, беше во посета на кардиналот Жозе Толентино де Мендонса и во разговор зборуваше за фудбалот и како тој влијаел на неговиот живот.

„Ние сме платени да победуваме. Спортистите се платени да победуваат и зборуваме за високи перформанси и понекогаш мора да направиш одлуки што се сурови. За грешките плаќаш. Ако згрешам, ќе платам со отказ. Ако фудбалер згреши, тогаш ќе плати со тоа што нема да игра. Секако, тоа е сурово, но нашата работа не треба да влијае на тоа какви луѓе сме. Се обидувам да им помогнам на другите и самиот да бидам подобар. Не толерирам трошење на талентот, и по 30 години, тоа ми е тешко да го прифатам“, вели Мурињо.

Тој исто така зборуваше за својот раст како личност преку фудбалот.

„Мојата еволуција како личност ја гледам преку фактот што многу години сакав да победувам за себе, а сега сакам да победувам со поголема страст, но не за мене, туку за фудбалерите што никогаш не победиле. Повеќе ми е важен насмеанот навивач поради победата на неговиот тим и како неделата ќе му помине подобро“, вели Мурињо.

Би можело да ве интересира

Мурињо во Барселона најде десен бек

Мурињо би можел да го наследи Анчелоти во Реал

Мурињо го сака Ерик Баи во одбраната на Рома

Мурињо има намера со Рома да ја освои Конференциската лига

А1он

Жозе Мурињо исклучен од пријателскиот натпревар со Бетис

А1он

Мурињо му рекол „да“ на Ливерпул во 2004 година, но се појавил Абрамович

А1он