Мукаетов: Секоја чест за ракометарите, изгинаа на теренот

Од:

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов упати честитки за ракометарите кои вчера освоија бод со Исланд и го освоија третото место во групата Б на Светското првенство во Франција.

– Честитки за ракометарите. Тие изгинаа на терен за да ја остварат целта. Репрезентативците покажаа како се бранат боите на Македонија. Следен противник ни е Норвешка на осминафиналниот дуел во Албервил. Со вакво залагање и ваков мотив се е можно, истакна првиот човек на РФМ.

Македонија одигра 27:27 со Исланд и со две победи, два пораза и еден нерешен резултат се пласира во осминафиналето, каде како трета од Б група ќе вкрсти со Норвешка која е втора во А групата.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски