Сопственикот на РК Алкалоид, Живко Мукаетов очекува ЕХФ да донесе одлука во врска со неодиграното финале против АЕК во согласност со постоечката регуалтива. Мукаетов во обраќање на социјалните мрежи им се зблагодари на сите фанови кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат тимот во вториот финален натпревар против АЕК во рамките на ЕХФ Купот, кој не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.
– Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, вели Мукаетов.
Реваншот од финалето од ЕХФ Европскиот куп кој беше закажан за вчера вечер не се одигра одткако АЕК одби да излезе на терен обвинувајќи ги локалните власти дека дозволиме „само 200 навивачи“ на клубот на бидат писутни во салата „Борис Трајковски“.
ЕХФ доцна синоќа во соопштение на официјалната страница информираче дека натпреварот е одложен проади „безбедносни причини“.
На првата средба во Атина, Алкалоид славеше со 24-29 и пред возвратниот натпревар беше во одлична позиција за освојување на титулата на домашен терен.