„МЗТ Скопје, вчера покажа дека е вистински спортски бренд со кој сите ние во Аеродром сме горди. Ваков ден за спортот, како вчерашниот секој би посакал. Историски ден во кој двете екипи на МЗТ Скопје испишаа историја. Женскиот клуб за прв пат го освои трофејот во Купот на Македонија, а машката екипа со победата на Феникс го освои 11-тиот трофеј во Купот на Македонија со што стана најтрофеен клуб во ова домашно натпреварување“, велат од Општина Аеродром.
Градоначалникот Муцунски на својот фејсбук профил вчера упати честитка до двата тима на МЗТ и се заблагодари на публиката, навивачите и поддржувачите на МЗТ.
„Ваква вечер за спортот во Аеродром секој би посакал. Ова е историски ден за МЗТ Скопје во кој двете екипи-машката и женската го достигнаа врвот и испишаа историја“, напиша Муцунски на својата фејсбук страна.
„Ние сме горди што МЗТ Скопје кој е уште еднаш покажа дека е најдобриот кошаркарски клуб во Македонија. Со силна поддршка на навивачите и публиката, одиме понатаму во остварување на нови меѓународните и домашни успеси. Честитки до кошаркарите од двете екипи и голема благодарност до нив за посветеноста, пожртвуваноста и личниот придонес кој го даваат за МЗТ Скопје и за промоција и развој на спортот во Аеродром“, додаваат од општина Аеродром.