Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Од:

Швајцарскиот моциклист Џејсон Дупаские почина од повредите здобиени во вчерашниот инцидент кога излета од патеката на свиокот 9 на „Муџело“ за време на квалификациите.

Возачот на Тек 3, Ајуми Сасаки возеше веднаш зад Дупаские и едноставно немаше начин да избегне судир.

Лекарите кои пристигнале на местото на несреќата му пружиле помош на Дупаские половина час, по што тркачот бил пренесен во болница во Фиренца. За време на хоспитализацијата, состојбата на мотоциклистот беше оценета како многу сериозна.

Денес Мото ГП објави официјално соопштение, во кое објави дека и покрај најголемите напори на лекарите, Дупаские починал од повредите.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска

Бузалковски најбрз на трката во Бугарија

Ана Ололовска