Општина Новаци денес е домаќин и организатор на мото тура низ Мариово која почна во раните утрински часови и ќе заврши околу 18 часот.
Од општина Новаци информираат во овој атрактивен спортско-рекреативен настан учествуваат дваесеттина моторџии кои ќе возат од селото Новаци до Зовиќ, а ќе минат и низ Маково и Рапеш.
– Денешната активност е во рамките на проектот „Откријте ја Пелагонија“ и се реализира во рамките на месецот на авантура кој завршува на 12 октомври. Во овој период ќе има уште и натпревари во велосипедизам, параглајдинг, друмско возење, пешачење по планински патеки и слично, посочуваат од општина Новаци.
Проектот „Откријете ја Пелагонија“ го организира Центарот за развој на пелагонискиот плански регион заедно со УСАИД а во соработка со деветте општини од Пелагонија.