Катар ќе остане во календарот на МОТО ГП уште десет години, после официјалното потпишување на нов договор со промо агенцијата Дорна Спортс.
Првата трка во оваа земја се возеше во 2004 година, а од 2007 со гранд прито во Катар се отвора сезоната во МОТО ГП шампионатот.
Големата награда на Катар од 2008-та стана првата ноќна трка во ова натпреварување.
Со овој договор партнерството помеѓу Катар и МОТО ГП е продолжено до 2026 година.