Кал Кратчлоу (ЛЦР Хонда) ја освои својата прва пол-позиција за сезоната во Мото ГП шампионатот. Британецот беше најбрз на денешните квалификации и утрешната трка во Херез за ГП на Шпанија, ќе ја стартува од првата позиција.
Кратчлоу заврши со време од 1:37.653. Втор заврши возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, додека трет утре ќе стартува Французинот Жарко, откако имаше задоцнување од само 30 стотинки.
Хорхе Лоренцо од Дукати заврши на четвртата позиција, додека актуелниот шампион Марк Маркез утрешната трка ќе ја започне од петтото место.