Актуелниот Мото ГП шампион, Шпанецот Марк Маркез има неверојатна сезона, на првите 7 трки оствари исто толку победи и сега во шампионатот има 58 поени пред Валентино Роси кој заврши втор денеска на патеката во Каталуња.
Иако имаше пад во квалификациите и стартуваше трет, Валентино Роси имаше предност пред шпанските ривали на шест круга пред крајот кога Маркез успеа да ја преземе првата позиција, а откако и Педроса го оствари зад себе Роси, последните неколку круга донесоа меѓусебна битка на клупските колеги од Хонда.
Маркез го издржа притисокот, а грешката на Педроса пред самиот финиш му овозможи на Роси да го освои второто место во Каталонија. Хорхе Лоренцо мораше да се задоволи само со четвртата позиција, а до десеттото место се пласираа Брадл, А. Еспаргаро, П.Еспаргаро, Довициозо, Јаноне и Смит.