Морезмо нов тренер на Мареј

Од:

Поранешната француска тенисерка Амели Морезмо ќе биде нов тренер на Енди Мареј, потврди Британецот пред завршувањето на овогодинешниот Грен Слем Ролан Гарос.

Оваа вест ги потврди шпекулациите кои кружеа во последните месеци според кои се најавуваше дека Мареј ќе ангажира „неконвенционален“ тренер, но ретко кој очекуваше дека тоа ќе биде жена.

Морезмо беше присутна на натпреварите на Мареј на турнирот во Париз со што се зголемија гласините дека таа е идниот тренер на осмиот светски тениски рекет.

До сега тренер на Мареј беше Иван Лендл, но нивната соработка неочекувано е прекината.

Новиот тренер на британскиот тенисер со работа треба да стартува од следната недела за кога е закажан настапот на Мареј на турнирот „Квинс“ во Лондон каде има три триумфи.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ