Поранешниот претседател на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло, вели дека поседува информации за здравствената слика на Михаел Шумахер и дека тоа воопшто не е добро, па затоа во јавноста нема многу информации за легендарниот Формула 1 возач.
Монтеѕемоло како претседател на Ферари во минатото, долги години имаа плодна соработка со Германецот и Монтеѕемоло уште ја чуствува приврзаноста кон Михаел, но за жал, вестите не се добри.
„За жал имам лоши вести за Михаел Шумахер, тој беше најуспешниот возач во ерата на Ферари, во целата негова кариера тој имаше само еден инцидент. Но за жал, друг инцидент му нанесе сериозни последици“, констатирал Лука Ди Монтеѕемоло.