МОК со финансиска поддршка за ракометарите

Од:

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска и додели 20 илјади долари на македоснката ракометна репрезентација како поддршка за настапот на Светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари.

– Македонските ракометни репрезентативци во континуитет постигнуваат големи резултати и поради тоа, а и поради силната верба што ја имаме во нив, МОК уште еднаш одлучи да ги поддржи во напорите за постигнување добар резултат на едно големо натпреварување. На репрезентацијата и се доделува одредена сума на парични средства со цел полесно поминување на патот до успехот, рече претседателот на МОК Васил Тупурковски на заедничката прес-конференција со Ракометната федерација на Македонија.

Од името на федерацијата се заблагодари директорот на репрезентацијата Никола Панчевски.

– По учеството на ЕП во Србија, пред нас е настапот на СП во Шпанија, а за подобро наше издание и претставување во што подобро светло се погрижи нашиот докажан пријател МОК, кој уште еднаш покажа дека во континуитет го поддржува македонскиот ракомет и спортот воопшто, истакна Панчевски.

Средствата кои ги обезбеди МОК веќе се префрлени на сметка и дадени на користење на РФМ. Оваа поддршка е во насока на таргетираниот олимписки програм РИО 2016. Македонската ракометна репрезентација е олимписка селекција за која во МОК постои силно верување дека ќе го оствари сонот на многу генерации и голем број на љубители на спортот, дека Македонија на ОИ во Рио 2016 година, конечно ќе има свој претставник од екипните спортови.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир