МОК обезбеди 11 Олимписки стипендии Рио 2016

Од:

Согласно Олимписката програма РИО 2016, Македонскиот олимписки комитет (МОК), во блиска соработка, консултација, координација и комуникација со Националните спортски федерации (НСФ), но и со соодветните Меѓународни спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), обезбеди 11 стипендии за нашите најдобри спортисти кои како предлог на НСФ беа испратени до МОК.

Корисници на олимписката стипендија, во наредните две години ќе бидат:

1. Јасин Реџелари борење 800 американски долари

2. Дејан Митров борење 800 американски долари

3. Бобан Данов борење 800 американски долари

4. Марко Блажевски пливање 800 американски долари

5. Анастасија Богдановска пливање 800 американски долари

6. Катерина Николоска џудо 666,666 американски долари

7. Нина Балабан стрелаштво 666,666 американски долари

8. Ана Николовска стрелаштво 666,666 американски долари

9. Ристе Пандев атлетика 666,666 американски долари

10. Валбона Селими атлетика 666,666 американски долари

11. Јован Јовановски велосипедизам 666,666 американски долари

Во тоа насока, денес во просториите на МОК, свечено беа потпишани договори за финансирање на олимписките програми на нашите спортисти-корисници на олимписката стипендија РИО 2016. Олимписките стипендии се обезбедени со исклучителна намена и силно контролирани од страна на МОК и ИОК, за да им помогнат на нашите спортисти во насока на обезбедување на квалитетни подготовки и учество на меѓународните натпревари кои ќе бидат квалификациони и одредени за обезбедување на норма за учество на ЛОИ РИО 2016.

Овој список не е конечен, бидејќи доколку одредени спортисти/спортистки не го покажат најдоброто од себе односно не покажат подобрување на своите резултати, во тој случај тие ќе бидат одстранети од списокот на стипендисти на МОК.

Веруваме дека овие стипендии, кои се наменети само за поединечните спортови и кои треба да бидат додаток во заокружување на финансискиот и спортскиот план на потенцијалните олимпијци, ќе бидат квалитетно дополнение на финансиските средства кои веќе ги имат обезбедено Националните спортски федерации, помогнати од јавните институции и приватните лица кои го помагаат во значителна мера врвниот спорт во Република Македонија и дека нашите спортисти ќе обезбедат норми за учество на ЛОИ РИО 2016.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он