Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со огромно задоволство ја прифати резолуцијата на ОН за независност и автономија на спортот.
Генералното собрание на ОН на заседанието во Њујорк усвои резолуција со која се поддржува независноста и автономијата на спортот, и се истакнува важноста на мисијата на МОК во водењето на олимпиското движење.
– Големите спортски настани треба да бидат организирани во духот на мир, толеранција, меѓусебно разбирање и одбивање на било какви видови на дискриминација, пишува во резолуцијата на Обединетите нации.
Томас Бах претседателот на МОК, резолуцијата на ОН ја оцени како историска.
ИОК преку соопштение ја поздрави резолуцијата со која се оценува дека било каков бојкот на спортски манифестации и натпревари би бил во спротивност во залагањето и ставовите на ОН.
– Ја поздравувам оваа резолуција, која е историска пресвртница во односите меѓу спортот и политиката, истакна Бах во официјалното соопштение.