МОК: Игрите во Јапонија ќе се одржат дури и ако постои вонредна состојба во земјата

Од:

Олимписките игри во Токио ќе се одржат дури и ако биде прогласена вонредна состојба во главниот град на Јапонија поради коронавирусот.

Ова го изјави шефот на координативната комисија на Олимпијадата, Џон Коутс на состанокот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

– Игрите ќе се одржат дури и ако режимот за итни случаи е во сила за време на турнирот во Токио. Сега Јапонија успешно ги помина тест-турнирите во пет спортови, додека земјата беше во вонредна состојба, па нема сомнение дека игрите ќе се одржат и во овој случај, рече Коутс.

Исто така, организацискиот комитет на Олимпијадата соопшти дека тестирањето за коронавирус ќе биде редовно за сите учесници на Игрите.

– Ние ја поздравуваме вакцинацијата на учесниците на Игрите, но не се потпираме целосно на тоа. Тестирањето ќе биде редовно, без оглед на тоа дали спортистот или друг учесник на Игрите, е вакциниран. Редовното тестирање е она на што се потпираме, го цитира „Р-Спорт“ Коутс.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он