МОК го суспендира Лукашенко од сите олимписки активности

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, кој воедно претседава и со Белорускиот олимписки комитет, е суспендиран од сите олимписки активности, вклучувајќи и учество на Олимписките игри во Токио.

Како што соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК), суспендиран е и неговиот син, Виктор Лукашенко, кој е прв потпретседател на Белорускиот олимписки комитет.

Одлуката доаѓа по многубројните апели од белоруски спортисти, кои бараа од МОК итно дејствување поради, како што наведуваат, политичка дискриминација и масовни апсења на политички неистомисленици од властите во Минск.

Меѓународниот олимписки комитет, исто така, ги замрзна сите уплати на сметката на Белорускиот олимписки комитет, додека своите стипендии наменети за подготовки, белоруските спортисти ќе ги добиваат директно од МОК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко за Трамп: Тој е одличен шоумен, актер, не е за претседател

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски