Младите македонски кошаркари подобри од Австрија

Од:

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Австрија во натпревар од Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до до 18-години, кое се одржува во Софија.

По вчерашниот дебакл и поразот од Исланд со 31 поен разлика, денеска младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 18-години, колку-толку го поправи впечатокот за својот настап на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ, во натпревар од новоформираната група „Х„ за пласман од 9 до 16 место, ја совладаа селекцијата на Австрија со 60:53 по четвртини 9:15, 16:11, 12:11 и 2315.

На овој дуел дури петмина македонски репрезентативци постигнаа двоцифрен број на поени: Цветковски (13), Србиновски, Петровски и Маслинко (12), Бакоч (11 поени + 13 скокови).

Ова беше само втора победа за македонските кошаркарски „надежи„ во шесте одиграни средби на првенството.

Црвено-жолтите се во исчекување на вториот натпревар од оваа група меѓу Норвешка – Исланд, како и дуелот од групата „Ј„ меѓу домаќинот Бугарија и Холандија, по кои ќе се знае за кое место и против која селекција ќе разигрува репрезентацијата на Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он