МКФ упати честитки до победниците во ЛИМАК купот

Од:

Македонската кошаркарска федерација им ја честита победата на Карпош Соколи во финалето од ЛИМАК Купот на Република Македонија во машка конкуренција со која го освои својот прв трофеј во 20 години постоење на клубот.

Честитките се адресирани и до женската екипа на Вардар која, идентично како и Карпош Соколи, го освои првиот трофеј во историјата на постоењето.

Во соопштението од МКФ стои:

– Нека трофеите кои од синоќа ги красат вашите витрини бидат први од многу. Македонската кошаркарска федерација сака да јавно да изрази благодарност до градот Кавадарци за гостопримството и на клубот Фени Индустри за коорганизацијата на завршниот турнир од ЛИМАК Купот на Република Македонија. Спортската сала „Јасмин“ која беше домаќин на дванаесетте клубови беше исполнета до последното место на речиси сите натпревари, а навивачите им дадоа дополнителна мотивација на сите актери во играта на паркетот да внесат повеќе енергија. МКФ изразува и жалење што надвор од спортската сала останаа голем број луѓе кои сакаа да го проследат второто финале од завршниот турнир, но не можеа да бидат сместени внатре поради ограничениот капацитет.

Со огромна чест и задоволство канцеларијата при Македонската кошаркарска федерација може да потврди дека организацијата на сите натпревари од завршниот турнир на ЛИМАК купот помина без нималку проблеми.

Македонската куќа на кошарката сака да и се заблагодари и на компанијата Лимак Холдинг која и ја остави сета доверба кон организирање на завршниот турнир во нејзини раце.

Се надеваме на успешна соработка и во иднина, се вели во обраќањето на МКФ.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска