МКФ: Судењето во финалната серија од плејофот беше извонредно

Од:

Судиската комисија при Македонската кошаркарска федерација излезе со оценка дека судиите кои ги судеа трите натпревари од финалето во плејофот меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, одлично си ја завршиле работата.

– Судењето беше на извонредно ниво и сите судиски одлуки кои беа потенцирани како спорни беа прегледани и ние како судиска комисија сто процентно стоиме зад нив. Сите одлуки се во склоп со кошаркарските правила и препораките од меѓународната кошаркарска федерација ФИБА, стои во соопштението на веб страницата на МКФ.

Од федерацијата најавија казни за како што велат, одредени поединци кои не се придржувале до кодексот на однесување.

– Крајно сме разочарани од одлуките на одредени поединци (тренери) и одредени клубови за реакциите во врска со судењето и судиските одлуки во рамки на плејофот од машка сениорска конкуренција. Иако на двапати имавме семинари на кои беше наведено и потенциран кодексот на однесување на тренерите и сите учесници во натпреварите дека најстрого се забранува какво било коментирање околу судењето. Тоа од одредени клубови не беше испочитувано за што комесарот во наредниот билтен ќе излезе со соодветни казни и санкции.

Работнички го доби финалето со 3-0 во победи, а критиките за судењето доаѓаа главно од сега веќе поранешниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска