МКФ се обрати до јавноста за состојбата во македонската кошарка

Од:

Македонската кошаркарска федерација денеска преку соопштение ја информира јавноста за моменталната состојба во Мак-баскетот, по одлуката за новиот ценовник за издавање на лиценци за сите учесници (кошаркари,кошаркарки,тренери, судии, делегати….).

Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на МКФ:

– Со иницијативата на раководството на МКФ за намалување на бројот на странците, која што започна уште минатата година, а кулминираше годинава во јуни месец со дописно Собрание на МКФ, каде што се искористи и последната можност, правно  да се овозможи промена на ова правило (за  настап на шест странци  во Првата лига), за кои предлог исклучително може да одлучува само Собранието,  а нашето барање на ова дописно Собрание, гласеше „ако остане правилото на шест странци, во секој момент на теренот да има најмалку двајца домашни кошаркари“.Идејата за ова правило ни беше се со цел да им се овозможи  поголем простор за настап на домашните кошаркари, со цел за континуиран напредок на истите, а воедно и за што подобар успех на репрезентативните селекции.

За жал на дописното Собрание и оваа наша последна заложба не беше прифатена од мнозинството членки. Поради тоа преку последните мерки на У.О на МКФ , користејќи го своето законско право за делување, донесовме одлука за зголемување на таксите за издавање на лиценци, пред се значително зголемување на таксите за регистрација на странските кошаркари, за првиот, вториот, третиот и четвртиот странски кошаркар се плаќа лиценца од 850 евра во денарска противвредност, петтиот чини 1500 евра , а лиценцата за шестиот изнесува 3000 евра во денарска противвредност, од оваа сума 250 евра МКФ плаќа на сметката на ФИБА за секој странец поединечно. Реалното зголемување на таксите за лиценци на  секој клуб, во случај истиот да регистрира максимален број, шест странски кошаркари  би изнесувал на годишно ниво  6400 евра , во денарска противвредност.

Ова правило не е воведено за прв пат во Македонската кошарка, слични мерки се применувале и во 1998  и 1999 година.

Исто така на Управниот одбор на МКФ се донесе и одлука за зголемување на таксата за издавање на линеци и во младинските категории. За У-14, 50 денари на месечно ниво, за У-16 и У-18, 75 денари, а за У-20 , 100 денари на месечно ниво. Со напомена дека клубовите имаат обврска да платат за издавање на лиценца само за оние кошаркари кои плаќаат месечна членарина. Додека пак клубот се ослободува целосно од плаќање на лиценца за оние кошаркари кои не плаќаат членарина и други трошоци во клубот за негово усовршување и развој, како и за сите младински  репрезентативци кои настапиле во тековната сезона на Европските првенства во организација на ФИБА во дресот на Македонија.

И покрај ваквата одлука на УО на МКФ за зголемување на таксата за регистрација на кошаркари ,раководството на федерацијата изрази подготвеност за некакво  прифатливо решенија со сите претставници на Здруженијата и нивните членови, меѓутоа ставот на истите Здруженија е се уште цврст и непроменет, не нудат никаков предлог за решавање на ова прашање , туку бараат издавањето на лиценци да биде бесплатно.

Управниот одбор на МКФ инаку одлуката за зголемување на таксата за регистрација на странски кошаркари, не ја донесе поради зголемување на платите на вработените во Македонската кошаркарска федерација, туку исклучително наменски, за развој на младинската кошарка и создавање на млади кошаркари, кошаркарки и тренери кои во иднина би биле столб на националната селекција.

За таа цел  уште од јануари годинава започнавме неколку проекти и активности  за развој и усовршување на младите кошаркари, кошаркарки и тренери.

Прокетот „Заедно до 16 години“, веќе ги даде и првите резултати. Македонската селекција до 15 години го освои треттото место на силниот Меѓународен Турнир во Италија, во конкуренција на врсниците од Италија, Германија, Русија, Хрватска, …

Како и селекцијата за кошаркари до 14 години, која на Турнирот во Словенија под капата на ФИБА забележа значително подобри резултати од претходните учества. Проектите за развој и усовршување на млади кошаркари ги продолжуваме и во новата сезона и целосно остануваме концентрирани и посветени во работата и надградбата на најмладите генерации, се вели во соопштението од МКФ.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ