МКФ организира „Тренерска клиника“ во Охрид

Од:

Во организација на Македонската кошаркарска федерација, на 15 и 16 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи „Тренерската клиника 2013“, на која предавања ќе одржат некои од најеминентните тренерски имиња во Европа и во светот.

Меѓу нив и најтрофејниот евроски тренер, Жељко Обрадовиќ заедно со неговиот асистент Димитриос Итудис, како и потпретседателот на младинската комисија на ФИБА Европа и претседател на Стручниот совет на Федерацијата на Словенија, Тоне Крумп.

Жељко Обрадовиќ и Димитриос Итудис во своите предавања ќе ги опфатат темите „пик-енд-рол напад“, „напад против зона“, „индивидуална работа на шут со бековите“ и „презентација на основи на тренинг користени во Панатинаикос“.

Покрај теоретскиот дел, Обрадовиќ и Итудис за „Тренерската клиника“ имаат предвидено и демонстрација на вежби со фокус на нивна примена во работата со младите кошаркари.

Покрај Обрадовиќ, Итудис и Крумп, на овие предавања во Охрид ќе учествуваат и други познати имиња од тренерската струка, со предавање, демонстрација и совети во однос на физичката и психолошката подготовка на играчите за тренинг и натпревар.

Присуството на „Тренерската клиника“ е задолжително за сите тренери, кои покрај на предавањата, ќе треба да присуствуваат и најмалку два дена на кампот на МКФ во Струга, каде ќе треба да одработат неколку теми кои ќе им бидат зададени од стручната комисија.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он