Женскиот кошаркарски клуб Клубски од Делчево беше единствениот клуб кој се пријави на лицитацијата за доделување на организација на Завршните турнири од Купот.
Во салата „М.М.Брицо“ во Делчево втора година по ред ќе се игра „фајнл фор“ во женска конкуренција.
За Завршниот турнир од Купот во машка конкуренција немаше пријавени, па организацијата останува на МКФ, која до крајот на наредната седмица ќе го соопшти градот и местото на одигрување на натпреварите.
Претседателот на МКФ, Даниел Димевски, ги информираше присутните на јавната лицитација дека точното место на одигрување на Завршниот турнир од машкиот Куп ќе биде соопштено на денот на официјалното извлекување на двојките кое ќе се случи до крајот на наредната седмица.
Завршниот турнир во Купот во машка конкуренција ќе се одигра од 28 до 31 март, а ќе учествуваат МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Лирија, Фени Индустри, Куманово, Работнички, Струмица и Вардар.
Бранител на трофејот од лани е МЗТ Скопје Аеродром.
Турнирот во Делчево ќе се игра на 7 и 8 април, а ќе учествуваат Вигор Скопје, Клубски, Кросиг и Бадел 1862.
Бранител на трофејот од лани е Вигор Скопје, а истата екипа е и најтрофејна во натпреварувањето.