МКФ ја продолжува соработката со „Туркиш Ерлајнс“

Од:

Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ ќе биде дел од тимот на Македонската кошаркарска федерација уште една година откако беа комплетирани сите документации за конечно парафирање на договорот кој беше потпишан помеѓу претседателот на МКФ, Петар Наумоски и Генералниот директор на авиокомпанијата во Република Македонија, Пинар Ајваз Арикан, информираа од МКФ.

Во изминатите две години, колку што турската авиокомпанија е соработник на македонската куќа на кошарката, соработката се одвиваше на највисоко ниво. Токму поради тоа, двете страни без многу дилеми ја обновија својата соработка на уште 365 дена.

– Одредено време разговаравме со претставниците на „Turkish Airlines“, но поголемиот дел од разговорите се водеа за ’дотерување’ на детали од договорот. Несомнено беше дека соработката ќе продолжи, бидејќи и тие, како и ние се задоволни од меѓусебната соработка и професионалниот однос. Ние сакаме да им го пружиме најдоброто на нашите репрезентативци и сметам дека го правиме токму тоа со задржување на една одлична компанија како дел од нашиот тим, истакна претседателот на МКФ, Петар Наумоски, при потпишување на договорот.

Турската авиокомпанија функционира на просторите на Република Македонија речиси 19 години, а како докажан пријател на македонската кошарка ја започнува својата трета година.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он