МКФ ја објави програмата за подготовките на репрезентацијата за настапот на ЕП

Од:

Македонската кошаркарска федерација денеска ја објави програмата според која ќе течат подготовките на А-репрезентацијата која од 4 до 22 септември ќе настапи на Европското првенство во Словенија.

Почетокот на подготовките е закажан за 19 јули во Скопје.

Од 26 јули до 4 август македонските кошаркари ќе престојуваат во Словенија каде на 27 јули ќе одиграат натпревар со Полска, а на 28 јули ќе спарингуваат со Словенија.

Следуваат два натпревара со Хрватска во Загреб на 6 и 7 август.

Репрезентацијата потоа се враќа во Скопје. На 11 август е предвиден меч со Грузија, а на 17 август со Литванија.

Најсилниот противник во подготовките на „црвено-жолтите“ ќе биде Шпанија, на која Македонија ќе и гостува на 19 и 20 август.

Од 22 до 27 август избраниците на селекторот Алеш Пипан ќе учествуваат на турнир во Франкфурт, Германија. Таму ќе играат со БиХ, Грција и Германија.

На 27 август договорена е контролка со Русија, но останува да се дефинира дали ќе се одигра во Скопје или Москва.

Завршните подготовки ќе се одвиваат во Скопје од 29 август до 2 септември.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он