МКФ ги избра најдобрите за 2014.

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска ги прогласи најдобрите играчи, тренери и судии за минатата година.

Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје Аеродром ја доби наградата за најдобар македонски кошаркар.

Во женска конкуренција за најдобра е избрана Анџелика Митрашиновиќ (Бадел 1862).

Перо Антиќ од Атланта беше избран за најдобар кошаркар во странство.

За најдобар македонски тренер признанието отиде кај Емил Рајковиќ кој е предводник на Сласк, а лани беше тренер во Работнички.

Андреј Магдевски од Клинакс Ринкон беше избран за најдобар млад кошаркар.

Драгана Петковска (Кросиг/Младинец) е најдобрата младинка.

Најдобар судија за 2014. година е прогасен Александар Милојевиќ.

Кај тренерите покрај Рајковиќ награди добија и:

Најдобар македонски тренер (жени): Перо Стамески (Бадел 1862).

Најдобар македонски младински тренер: Мики Наумовски (Карпош Соколи).

Најдобар македонски младински тренер (жени): Борче Домлевски (Бадел 1862).

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос