МКФ: Финалистите се согласија за судии од странство

Од:

Македонската кошаркарска федерација денеска ги објави согласностите од финалистите во плејофот, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, странци да го судат петтиот решавачки меч од финалето

– Во интерес да јавноста остане информирана за сите настани околу вчерашната одлука да се делегираат судии од странство Македонската кошаркарска федерација одлучи да ја обелодени согласноста на клубовите за ваков исход. Наспроти обидите на одредени медиуми да се извитопери вистината со дезинформации дека раководството на МКФ има задни намери односно исполнува нечии желби и ’бира страна’, сакаме да останеме транспарентни и да потенцираме дека носењето на ваква одлука беше иницирано од желбата за што пофер услови за најважниот натпревар од тековната натпреварувачка сезона, стои во соопштението од МКФ.

Натпреварот број 5 од финалната серија меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Соколи се игра попладнево од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Победникот ќе го освои шампионскиот трофеј.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска