МКФ бара од клубовите соодветни сали и исполнување на финансиските обврски

Од:

Македонската кошаркарска федерација денеска ги извести сите клубови кои идната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига – мажи, за обврските кои треба да ги исполнат во врска со котизацијата за учество како и услови за спортските сали кои се пријавени за натпреварите на домашен терен.

На клубовите им е даден рок од два месеца за санирање на потребните услови на салите како и 30 дена за поднесување на гаранција за учество во лигата или исплата на истото.

– Доколку не се исполнат условите и некој клуб не обезбеди гаранција за спортската сала (со предлог алтернативна сала до конечна санација на првично пријавената) автоматски клубот се откажува од правото за учество во ПЛМ и неговото место ќе биде заземено од клуб кој е предвидено да се натпреварува во втората лига по ранг – Втора Лига мажи. Роковите се дадени, со цел да до 7. август федерацијата има јасна слика за тоа кои клубови планираат да учествуваат во ПЛМ како и да им се даде евентуална шанса на клубовите од ВЛМ, а воедно и да се одлучува по прашањето за зголемувањето на ВЛМ односно намалување на бројот на учесници во ПЛМ, информираат од МКФ.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он