Мишел Платини: Што ако на дронот во Белград имаше бомба

Од:

Претседателот на европската фудбалска унија УЕФА, Мишел Платини, коментирајќи ги случувањата на квалификацискиот натпревар Србија-Албанија во Белград, запраша што доколку на дронот наместо знаме, имало бомба.

– Навистина, можам да кажам дека прекинот на мечот беше срамен. Ќе покренеме дисциплинска постапка и секој ќе одговара за своите постапки. Мора да ги спречиме ваквите работи. Ова станува опасно. Би се запрашал само што ако на дронот наместо знаме имаше бомба, изјави Платини за француската телевизија ТФ1 .

Тој потврди дека во Белград имало и специјално лице на УЕФА за безбедност, бидејќи натреварот бил оценет како дуел со потенцијална опасност.

Платини порача дека фудбалот треба да ги зближува луѓето и дека спортските натпревари никогаш не треба да се мешаат со политиката.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година