Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација пред вечерашниот дуел со Иран (почеток 17 часот) истакна дека „црвено-жолтите“ не смеат да го потценат противникот без оглед на улогата апсолутен фаворит.
– Не смее да има опуштање. Иран може да биде незгоден ривал, а тоа го покажа и на дуелот со Босна и Херцеговина. Затоа мора да бидеме внимателни во текот на целиот натпревар и со залагање како на вчерашната средба, и во одбраната и во нападот, да дојдеме до победата.
Македонија по првото коло е лидер во Б групата по убедливата победа над Тунис и со евентуален триумф вечерва против Иран ќе се најде пред пласман во следната осминафинална фаза.