Миркуловски: Подобро да играме со Словенија, отколку со Катар

Од:

Иако математички сеуште не се знае нашиот пласман и нашиот противник во осминафиналето, меѓу Катар и Словенија се сведуваат коментарите, изборот, ривалот.

Нашиот најдобар асистент на првенството, Филип Миркуловски нема дилеми дека подобро е да се игра со Словенија која ја победивме во мечот за петтото место во Белград во 2012 година.

Сепак фокусот мора да остане на Австрија, која е нашата денешната преокупација:

„Ова е последен натпревар од групата, како што планиравме ќе играме со Австрија за второ место. Се работи за компактна екипа, со нив ќе играме по четврти пат, играчите се истите, се познаваме, нема да има тајни. Нам ни е потребен бод, сакаме да бидеме втори, да играме со Словенија, тоа е подобро отколку со домаќинот Катар, кој има сериозна и моќна екипа екипа. Ќе треба да дадеме максимум, да извлечеме поука од мечот со Хрватска, да не ни се повторат тие „црни дупки” од 10-15 минути“, рече на последната средба со новинарите, Филип Миркуловски.

Извор: Лазаров Кирил 7

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ