Миркуловски најави дека треба да се размислува за смена на генерации и за освежување на националниот тим. Веројатно идеална шанса за тоа ќе биде по европското првенство во Полска, кое сме на добар пат да го избориме:
„Можеби лошата одбрана го реши мечот, се однесувавме како да играме против кој знае која репрезентација. Можеби и моето исклучување, кое не требаше да го направам. Игравме со нозе тешки два тона, не знам што беше проблемот. Мислам дека ова беше последна наша шанса за пласман на Олимписки игри на оваа генерација. Можеби е време за промена на генерации, сите сме во зенитот на нашите кариери. Сите сме преку 30 години и треба да се размислуваме за подмладување. Но најнапред да ги одиграме уште квалификациите за европското првенство во Полска, а подоцна да влезе свежа крв во тимот”, рече пред новинарите видно разочараниот Филип Миркуловски.