Минимална победа на Мајами над Оклахома Сити

Од:

Екипата на Мајами ноќеска ја постигна 11-та победа (97:95) сезонава во НБА лигата откако на домашен терен беше поуспешна од Оклахома Сити.

Најдобриот поединец на дуелот Двејн Вејд на 1.5 секунди до крајот на натпреварот ги реализираше двете слободни фралања за победата на својот тим.

Вејд со 28 поени беше и најефикасен, додека кај гостите Кевин Дјурант и Расел Вестбрук постигнаа по 25 поени, притоа Вестбрук го промаши последниот шут за „тројка“. Екипите одиграа изедначен натпревар, а водството се менуваше 38 пати и 11 пати резултатот беше нерешен.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Мајами – Оклахома Сити 97:95, Торонто – Денвер 105:106, Јута – Орландо 94:103, Мемфис – Сан Антонио 83:103, Портланд – Индијана 123:111 и Сакраменто – Бостон 97:114.

Пласман Источна конференција: Кливленд 13-5 (победи-порази), Чикаго 11-5, Индијана 12-6, Мајами 1-6, Торонто 12-8, Орландо 11-8, Бостон 11-8, Атланта 12-9,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 20-0, Сан Антонио 16-4, Оклахома Сити 11-8, Далас 11-8, Мемфис 11-9, ЛА Клиперс 10-9, Јута 8-9, Минесота 8-10,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on