Минимален пораз за Шкендија на гостувањето во Литванија

Од:

Екипата на Шкеднија од Тетово вечерва претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето во Литванија во рамките на првиот натпревар од 3-то коло од квалификациите од Лига Европа.

Литванската екипа Тракаи поведе во втората минута по грешка на одбраната на тетовчани со 1:0, а стрелец беше Максим Максимов. Шкендија изедначи во 39-тата минута преку Стенио Жуниор, а голот за победа на Тракаи го постигна Максимов во 52-рата минута.

Екипата на Шкендија дуелот го заврши со девет играчи откако црвени картони добија Жуниор во 57-та минута и Адриан Цуцули 62-та минута (втор жолт картон).

Реванш дуелот ќе се игра на 3 август во Струмица.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра