Минимален пораз на ракометарите од Србија

Од:

Ракометната репрезентацијата на Македонија минимално со 26:25 (13:13) од Србија, го загуби последниот контролен натпревар пред Светското првенство во Шпанија.

Дуелот се одигра во Ниш, а во поголемиот дел од првото полувреме Србија водеше, но во финишот сепак Македонија успеа да поведе со 12:11 и со 13:12.

Во второто полувреме двете репрезентации се менуваа во водство, а Македонија во 50 минута водеше со 22:20, а потоа и со 23:21. Србија во завршницата успеа да направи серија од 4:0 и го презеде водство кое го сочува докрајот на натпреварот.

Најефикасен на натпреварот беше Кирил Лазаров со 11 голови.

Ова беше трет контролен дуел за македонската селекција, а прв пораз по двете победи над Саудиска Арабија и Египет.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он