Минимален пораз за Работнички од Црвена ѕвезда

Од:

Работнички попладнево загуби со 2:1 од српскиот шампион Црвена ѕвезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија.

„Романтичарите“ поведоа со голот на Дејан Блажевски во 41. минута, Црвена ѕвезда израмни две минути подоцна преку Вукановиќ, а конечниот резултат го постави Ебисилио во 54. минута.

За Работнички пенал не искористи Баже Илијоски во 36. минута.

На претходните две средби во турското одморалиште, Работнички го совлада Сабуртало со 2:1 и загуби од Поханг Стилерс со 2:0.

Би можело да ве интересира

Евролигата ја казни Црвена звезда Белград, дел од Арена ќе биде затворен против Ефес

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда