Дури три продолженија требаа да се одиграат ноќеска на натпреварот во Њујорк каде Милвоки славеше победа на гостувањето кај Бруклин со 122:118. По 95:95 во основните 48 минута, во дополнителните трипати по пет резултатот изнесуваше 10:10; 7:7 и 10:6.
Две победи во серија успеа да врзе ЛА Лејкерс, додека дербито на вечерта му припадна на шампионот Сан Антонио кој победи на гостински терен кај Кливленд.
Постигнати резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска: Кливленд – Сан Антонио 90:92, Индијана – Шарлот 88:86, Орландо – ЛА Клиперс 90:114, Филаделфија – Бостон 90:101, Вашингтон – Далас 102:105, Бруклин – Милвоки 118:122, Детроит – Феникс 86:88, Торонто – Мемфис 96:92, Минесота – Њујорк 115:99, Денвер – Оклахома Сити 107:100 и Хјустон – ЛА Лејкерс 92:98.
Вечерва играат: Мајами – ЛА Клиперс и Сакраменто – Чикаго.
Пласман Источна конференција: Тороното 9-2 (победи-порази), Чикаго 8-3, Вашингтон 7-3, Милвоки 7-5, Мајами 6-5,…
Пласман Западна Конференција: Мемфис 10-2 (победи-порази), Голден Стејт 9-2, Хјустон 9-3, Далас 9-3, Портланд 8-3,…