Милвоки ја прекина победничката серија од 24 натпревари на првакот Голден Стејт

Од:

Екипата на Милвоки ја прекина победничката серија од 24 натпревари на првакот Голден Стејт, откако ноќеска на домашен терен славеше победа со 108:95 (30:28; 29:20; 21:29 и 28:18).

Играчите на Милвоки во сите четвртини постигнаа 20 и повеќе поени, додека Голден Стејт во последниот период постигна 18, а во вториот 20 што се покажа малку за ефикасниот напад на првакот.

Грег Монро (Милвоки) и Стеф Кари (Голден Стејт) со по 28 поени беа најефикасни во своите екипи, додека грчкиот репрезентатвивец Јанис Антетокунбо кај Милвоки имаше „трипл-дабл“: 11 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Ова беше прв пораз за Голден Стејт и сега екипата има скор од 24-1, а неговата серија на победи заедно со ланскиот дел од шампионатот (без плеј оф) брои вкупно 28, па така остана рекордот на ЛА Лејкерс од сезоната 1971/72 од 33 победи во серија.

Резултати: Милвоки – Голден Стејт 108:95, Бруклин – ЛА Клиперс 100:105, Шарлот – Бостон 93:98, Детроит – Индијана 118:96, Атланта – Сан Антонио 78:103, Чикаго – Њу Орлеанс 98:94, Хјустон – ЛА Лејкерс 126:97, Далас – Вашингтон 111:114 и Портланд – Њујорк 110:112.
Пласман Источна конференција: Кливленд 15-7 (победи-порази), Торонто 15-9, Чикаго 13-8, Шарлот 14-9, Индијана 13-9, Бостон 14-10, Мајами 12-9, Детроит 14-11,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-1, Сан Антонио 205, Оклахома Сити 15-8, ЛА Клиперс 14-10, Мемфис 13-11, Далас 13-11, Хјустон 12-12, Јута 10-11,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on